Hemiska cistota
Многу акваристи - почетници кога читаат некој текст за акваристика ги занемаруваат или едноставно ги прескокнуваат оние делови каде што се опишани потребните параметри на водата, особено хемиските. Тука се прават најголемите грешки, бидејќи овие информации можат да бидат од одлучувачко значење за здравјето на рибите, а особено се важни за изведување на успешен мрест
Водата како животна средина на аквариумските риби треба да исполнува одредени услови, меѓу кои најважни се:
Хемиска чистота.
Неприродните хемикалии кои се дел од нашето секојдневие (сапун, детергенти, вештачки бои и разни отровни материи) можат неверојатно бргу да доведат до помор на целиот жив свет во аквариумот.
Исто така постојат опасни отровни материи кои се создаваат во самиот аквариум како нузпродукт од метаболизмот на рибите, како и со распаѓање на остатоци од храна, мртви делови на растенијата или други отпадоци. Тоа се нитритите, нитратите и разни гасови како метан, амонијак и сл. Овие материи се многу опасни, пред се затоа што нивното присуство не може да се забележи визуелно (не ја заматуваат или обојуваат водата), а можат да предизвикаат сериозни проблеми во аквариумот. Можат да бидат отстранети со замена на дел од водата од аквариумот со свежа вода, додека за редуцирање на некои отрови може да се користи и активен јаглен. За мерење на нивното количество во водата се користат повеќе тестови (сликата лево).
Бактериолошка исправност.
Аквариумската вода во никој случај не може да биде стерилна, дури и ако како таква е внесена во аквариумот. Во неа секогаш ќе се наоѓаат разни микроорганизми, протозои, бактерии, габи, па и вируси. Од особена важност е во аквариумот да се развијат сапрофитски бактерии кои ќе ја разградуваат мртвата органска материја, а истовремено ќе делуваат превентивно по здравјето на рибите, заземајќи ги просторот кој во нивно отсуство би го зазеле некои паразитски бактерии или други патогени. Сапрофитските бактерии се важен фактор во биолошката рамнотежа на аквариумот.

Tvrdost na vodata
Тврдост на водата - dH.
Под тврдост (тврдина) на водата се подразбира количеството на растворени соли (минерални материи) во неа. Колку количеството на растворени материи е поголемо, толку е водата потврда.
Тврдоста на водата ја изразуваме во германски степени - dH (deutcshe Harte). Еден германски степен (1 dH) означува 30mg CaCO3, или 10mg CaO, или 7,14mg MgO во еден литар вода.
Доколку ја мериме само количината на растворените карбонати ( CaCO3, MgCO3) тогаш станува збор за т.н. карбонатна тврдост, која се означува со dGH. Исто така, ознаки за карбонатна тврдост кои можат да се сретнат во литературата и трговијата се GH, или KH.
Бидејќи во водата постои и т.н. некарбонатна тврдост, практично е да се мери вкупната тврдост на водата.
Според општо прифатените стандарди разликуваме:
Многу мека вода .......... од 0 до 4 dH
Мека вода .................... од 5 до 8 dH
Средно тврда вода ....... од 9 до 12 dH
Тврда вода ................... од 13 до 20 dH
Многу тврда вода .......... преку 20 dH
Тврдоста на водата се одредува со помош на тестови кои можат да се најдат во продавниците за акваристика. Мерењето обично се изведува така што во специјална кивета (која е дел од приборот) не наливаат 5ml вода и во нив се капе од индикаторот (тестот), се додека бојата, која на почетокот ќе биде црвена не се промени во зелена. Истовремено ги броиме капките. Една капка означува 1 степен тврдост. Доколку водата уште по првата капка се обои зелено, тоа значи дека во водата нема минерали или карбонати (dH или kH e 0). Доколку во киветата налиеме 10ml вода тогаш тврдоста ќе биде половина од бројот на капките, со тоа што добиваме попрецизни резултати, од половина степен.
На тврдоста на водата во аквариумот може да влијае подлогата, па затоа треба да се избегнуваат карбонатни камења или песок (објаснето на страницата Уредување на аквариум).
Во случај на потреба да се смали тврдоста на водата, тоа може да се изведе делумно, со провривање на водата со што карбонатите ќе паднат на дното во форма на бигор, или целосно, со помош на јоноизменувачки смоли.

Kiselost na vodata
Киселост на водата - pH.
Водата во природата содржи извесна количина на супстанции кои делуваат алкално (базично) или ацидно (кисело). Дестилираната вода не содржи вакви материи, па според тоа е неутрална. Исто така, и водите кои содржат рамномерна количина на базични и кисели материи имаат неутрална реакција.
Киселоста на водата се изразува на pH скала од 1 до 14. Вредностите под 7 означуваат кисела средина, додека над 7 базна. Вредноста од pH 7 е неутрална.
Во зависност од видот на рибите им одговараат вредностите околу pH 7, што значи блиску до неутрална реакција. На пример, на живоротките им одговара неутрална до слабо базична средина (pH 7 - 8,5), на африканските циклиди базна (pH 7,5 - 8,5), додека јужноамериканските циклиди бараат слабо кисела вода (pH 5,8 - 6,8). На некои видови, како на пример лавиринтките, реакцијата на водата не им е многу значајна. Рибите можат да се навикнат на ракција различна од онаа која ја имаат во нивната природна средина, но сепак, вредностите под pH5 и над pH9 се погубни за повеќето риби и растенија. Исто така, наглите промени на бредноста, па и ако се во границите на дозволеното можат многу неповолно да влијаат на рибите (pH шок).
Тестовите за мерење на киселоста се користат на следниот начин: во кивета со 5мл вода се додаваат 4 капки индикатор, водата се протресува и добиената боја се споредува со еталонот кој е дел од сетот.
pH вредноста може да се спушта (кон кисела средина) со помош на тресет (водата се процедува низ него или се додава екстракт од тресет во неа), потоа со лимонтус, ортофосфорна киселина или специјални минус средства, а може да се подига кон базна со помош на сода бикарбона.