Priprema na drva za vo akvarium
Еден од наубавите украси во аквариумот е дел од стебло или пак корен од дрво. Може да се купат во аква-шоповите и на други места веќе спремни мангро дрва, а и во последно време делови на некое кинеско дрво (мопан). Нo за сите акваристи е препорачливо да стават во својот аквариум дрво или корен заради алгарите кои мораат да „изедат“ одредена количина на „влакна“ од дрвото како дневна доза заради подобро варење на храната!
Секое дрво или корен кои стојат во вода во одредена мерка ја закиселуваат водата (се намалува вредноста на PH) и ја обојуваат истата. Многу акваристи користат: делови од винова лоза, ружа, врба итн, но не смее да се користат дрвата четинари кои имаат и испуштаат смола. Сепак најчесто користиме делови од винова лоза наместо мангро (домашно е, а и може да се најде на многу места, се повеќе има запустени лозови насади кои се идеални за потребите на акваристите).
Најдобро е да се користи винова лоза од некое лозје кое е напуштено повеќе време, тогаш со сигурност нема никакви штетни хемикалии во стеблото и коренот (порано се користел доста „син камен“ - CuSO4 кој е отворен за рибите и полжавите!).
Стеблото или коренот мора темелно да се исчистат, да се измијат со многу течна вода и да се варат (но после варењето потанките делови можат многу лесно да се скршат, но затоа пак полесно се обработува дрвото или коренот). Ако дрвото плива на површината и не сака да пропадне, после варењето треба веднаш да се префрли во студена вода и за некое кратко време ќе пропадне (во спротивно треба уште да се вари).
Сепак е најважно дрвото добро да се исчисти, со нож, скалпел или четка со проточна вода, потоа треба да го ставиме во поголемо тенџере (или стар котел) и да се оптерети со некоја тежина да може лесно да впива вода а и да ја испушта бојата што нормално би ја пуштил во аквариумот (колку повеќе испушти боја сега, толко помалку ќе имаме проблеми во аквариумот подоцна!).
Мораме и неколку пати да го вариме во солена вода (не е важно со каква сол: камена или ситна, морска или пак сол за посипување на патиштата, исто така ќе заврши работа, солта е сол!) но треба да се води сметка добро да се свари. На 10-на литри вода може да се стави една или две раце сол, ако некој сака или има може и повеќе! После варењето треба дрвото и понатаму да стои во врелата вода со тоа се продолжува дезинфикацијата.
После тоа можеме дополнително да го исчистиме некоје дел од стеблото или коренот, некој дел можеме и да отсечеме, сега дрвото е много полесно за обработка!
Најдобро би било ако можеме повеќе дена да го вариме, 2-3 дена но најчесто немаме трпение па мислиме дека е доволно, па само еднаш најчесто го варат колегите, но потоа се јавуваат проблемите.
Кога ќе го ставиме дрвото или коренот во водата тоа полека ќе почне да ја закиселува водата, така да паѓа PH нивото, но со редовна замена на водата (на секои 7-10 дена, барем 20%, ќе можеме да ја држиме вредноста во одредени граници). Може да се случи да водата во аквариумот добие малку кафеава нијанса, што многу убаво изгледа, но ако некој не сака ваква нијанса на стара аквариумска вода, може почесто да ја менува водата или да стави активен јаглен во филтерот кој ќе ја отстрани оваа боја. Колку подолго се накиснува и вари толку помалку има ваква кафеава боја.