Мовта и папратите, често во својата природна средина растат на скапани парчиња од дрво. Во акваскејпингот растенијата од родовите Vesicularia, Bolbitis, Microsorum, често се врзани за дрва и прават природна атмосфера...
При поставување на растенијата врз дрвото треба да се придржувате кон следниве чекори. Прво се поставува дрвото во аквариумот и на лице место се одлучува кое растение каде ќе оди. Ако се планира дрвото да се покрие со мов, најдобро е пред да се постави растението да се обложи целосно со мов и да се прицврсти со тенка мрежичка или конец.
Што се однесува до поставување на растенијата, често треба да се постават некои клучни точки во акваскејпот, како што е врвот на дрвото/коренот или вкрстување на две гранки, исто така местата на кои е пресечно дрвото, каде што се гледаат неприродните облици. Кога се одлучувате на кое место да се постави мовта, тогаш распоредете ја во тенок слој и врзете ја. Кај папратите како што се Bolbitis и Microsorum, многу е битно да се отсечат старите листови пред да се постави на дрвото. Старите листови на овие врсти тешко се прилагодуваат во нова средина и најчесто на нив се шират алги. Поради алгите, најдобро е да се отсечат старите листови на Microsoruma. Кај Bolbitisa, при садењето на дрвото најдобро е да се отсечат сите листови и само со ризомот да се закачи на дрвото. Овој начин на поставување, му овозможува на растението да развива нови чисти листови кои се прилагодени на новата средина.
Кај самиот избор на дрвата треба да се обрати внимание на неколку работи. Пред се треба да се согледа големината на дрвата. Во отворените аквариуми нема проблем со вклопување на дрвото, слободно може да излегува над површината на водата, но ова е невозможно во класичните аквариуми од затворен тип. Друга многу битна работа е бројот на корења кои ќе бидат ставени во аквариумот, пред се треба да прават естетски баланс. Пошто најчесто се користат разгранети корења, најважно е да се одбираат така што ќе можат заедно да формираат складна форма. Ако се постават премногу корења, растенијата нема да дојдат до израз. И уште една битна работа кај изборот на дрва е и обликот на врвовите, некои корења се вештачки исечени, но ако имате корен кој има природен врв, сам по себе ќе внесе природен амбиент во акваскејпингот.
Уште еден проблем поврзан со корењата и алгите, кои не ретко се појавуваат на необраснатите места. Оставањето некои делови од коренот необраснати дава убав контраст на растенијата во околината и даваат дефиниција на целата композиција. Иако има доста врсти на алгари, големиот број од нив не се ефикасни против сите врсти на алги кои можат да се појават во аквариумот. Може да се препорачаат Crossochileus siamensis и Parotocinclus maculaicauda. Но, ако растот на алги е интензивен најдобро е да се испразни аквариумот и само дрвото да се премачка со Phyton Git.