Red Sherry Shrimp (Kozici)
Местењето на нов аквариум за ракчиња може да биде релативно лесно ако од почеток се прави како што треба. Не сакате да избрзувате со вакви работи! Тука вие ја имитирате природата и мора да бидете трпеливи.
Crystal Red Shrimp
Многу важно правило е тоа што не сакатае да ги чувате вашите ракчиња со риби кои би можеле да ги изедат. Ако рибата има доволно голема уста за да го изеде ракчето тогаш најверојатно и ќе го изеде или ќе го исплаши доволно многу да тоа почне постојано да се крие па нема никогаш да го видете повеќе. Кога станува збор за размноживање, малите ракчиња се доволно мали за да можат да станат лесен залак за секоја риба. Мора да запомнете дека ракчињата спаѓаат во природниот синџир на исхрана скоро на сите риби. Повеќето видови на ракчиња кои се наоѓаат во аквариумите се размножени во аквариум и имаат јаки и живи бои, за разлика од дивите ракчиња кои имаат послаби бои за да можат лесно да се сокријат во природата. Како совет, доколку сакате да имате аквариумо во кој ракчињата ќе бидат среќни и ке се размножуваат успешно- имајте аквариум само за ракчиња. Се разбира ова не е правило и тие лесно можат да се искомбинираат со некои ситни риби, како што се тетрите.
Torichthys meeki врста на риби за кои ракчињата ќе се лесен плен
Прва работа за која треба да се размисли е големината на аквариумот. Аквариумите за ракчиња вообичаено се мали, најчесто околу 40 литри. Причината за тоа е нивното лесно одржување, ракчињата лесно можат да се пребројат, да се фатат и преместат и сл. Се разбира не е на одмет ако имате поголем аквариум од 40 литри, посебно ако планирате да оформите голема колонија со ракчиња.
ОК, веќе одлучивте за големината на аквариумот, сега е време да набавите опрема. Филтри со сунѓер се препорачани поради многу причини: малите ракчиња нема да бидат вовлечени во филтерот, има доста добра површино за био-маса и најважно – тие се евтини. Нема потреба од купување на скап канистер филтер, за мал аквариум со ракчиња. Корнер филтрите со сунѓер се најдобар избор. Секогаш можете да искористите канистер или HOB (филтери кои се закачуваат на стаклото од аквариумот) филтри меѓутоа никако не смеете да заборавите да поставите сунѓер на влезот на филтерот и да ги спасите сите ракчиња кои можат да бидат вовлечени во него. Меѓутоа бидете внимателни при избирање, доколку планирате аквариум со многу растенија, корнер филтерот со сунѓер нема да ја овозможи доволната циркулација на водата па подобро би било да размислите за другите типови на филтри.
филтерот со сунѓер е идеално и евтино решение за аквариум со ракчиња
Сега треба да размислите за типот на супстрат. Ова може да биде многу тешка одлука, бидејќи постојат премногу различни супстрати и секој акварист преферира еден од нив. Јас би го избрал оној супстрат кој би ни ги овозможил параметрите на водата кои се потребни за одгледување на врстата на ракчиња која планирате да ја одгледувате. Во краен случај би избрал супстрат кој нема да ми ги менува параметрите на водата, кои покасно ќе се подесат со помош на други препарати.
Следно на листата се растенијата кои ќе ги ставите во аквариумот. МНОГУ препорачливо е да имате некаква вегетација во вашиот аквариум, без разлика дали ќе се работи за некоја врста на мов, стеблести растенија или папрати. Растенијата овозможуваат места за криење, го отстрануваат амонијакот и нитратите во водата и овозможуваат добар извор на храна за ракчињата, а особено за младите ракчиња. Најчесто се користат мововите бидејќи се пријатни на изглед и во нив се вселуваат голем број на микроорганизми, кои ги јадат младите ракчиња, Може да се користат и стеблести растенија кои исто така се добар избор бидејќи брзо растат и ги отстрануваат штетните материи од водата, овозможуваат места за криење и исто така се добар избор на храна. Запомнете дека можеби ќе треба да додавате СО2 во аквариумот за успешно да растат стеблестите растенија, па доколку не сакате дополнувате СО2 апарати придржувајте се до мововите, папратите и растенијата од родот Аnubias.
Ѓубривата за растенија можат да претставуваат проблем за ракчињата и мора да внимавате со нив! Некои ѓубрива во нив содржат бакар кој и во најмала мера е отровен за ракчињата, па секогаш читајте ја декларацијата пред да го купите планираното ѓубриво!
Кога станува збор за CO2 бидете внимателни бидејќи ракчињата како и рибите се доста осетливи на големи количини на СО2.
Осветлувањето и греењето станува избор на акваристот. Ракчињата немаат потреба од јако светло, а истото се однесува и на мововите и папратите.
Стандарден аквариум за одгледување на ракчиња
Што се однесува до греењето тоа зависи од врстата на ракчињата кои планирате да ги чувате. Најчесто ракчињата живеат на температура од 18-26, па греач не би бил потребен.
Среќно со вашиот нов аквариум!