Rastenija
Клучот за успешен аквариум е да ги вклучите елементи кои се наоѓаат во природните живеалишта на рибите. Аквариумските растенија се најважниот елемент во аквариумот. Растенијата испуштаат кислород во водата, а го апсорбираат јаглеродниот диоксид, со што добивате уште по природно средство за регулирање на хемијата на водата.Aквариумските растенија треба да се додадат во аквариумот околу една недела пред да се додадат риби во тазе стартуваниот аквариум.
Во оваа статија има поедноставни клучни елементи за успешно засадени аквариуми.
Осветлување:
- Доволното осветлување е многу важно за успехот на добриот раст на растенијата. А се препорачува почетно светло со ниво од 0.5W по литар (средно осветлување). Има неколку видови растенија, кои ќе преживеат дури и ако осветлувањето е пониско од средното. Повеќето кинески аквариуми не доаѓаат со доволно осветлување за одгледување на растенија. На пример, кинески стандард 110л аквариум се продава со една или две неонки од по 18W. Оваа светлина е доволна за да ја видите рибата и да го спречите растот на алгите.
Повеќето луѓе ставаат неонки со сина светлина, таа неонка нема многу да им помогне на растенијата, дури и може да предизвика раст на алги. Едно нешто е да се напомене дека ако сакате аквариум со растенија, а сакате осветлувањето да ви биде помалку од 0.5W по литар, треба да спремите пари за многу добар СО2 систем.
Подлога за аквариум растенија:
- Песокот е место каде што растат растенијата. Растенијата растат многу подобро кога ќе се стават хранливи материи под песокот. Растенијата можат да примаат азот (N), фосфор (P) и неколку други хранливи материи (Fe, BO, Mn, Cu, Zn, Mo), кои ги апсорбираат преку корењата. Ставањето на фосфати и извори на железо во песокот помага да се ограничи достапноста на овие хранливи материи за алгите.
Специјалните супстрати за под песок имаат високо ниво на железо или други потребни хранливи состојки. Исто така можете да користите глина, тресет, исто така хумусот, хумусните киселини помагаат да се стабилизира и намали pH вредноста во аквариум. Но негативно е дека хумусните киселини се мешаат со многу тест колекции и некогаш е ризично да се стави во аквариумот.
За да се збогати плодноста на песокот за тешките растенија, се ставаат до корењата глинени топчиња, со околу 10 гранули 14-14-14 вештачко ѓубриво. Околу половина лажичка од глина е потребно за да направи 10 милиметри топче од глина. Секое топче од глина има околу 70mg азот, што е еквивалентно на 300 mg нитрати и околу 70mg фосфорна киселина (PO4). (Проценките базирани на 113 гранули на лажичка, лажичка тежи околу 5,7 грама)
Тресет и супстрат од железо можат да предизвикаат ситни проблеми со алги за првите неколку месеци. Затоа редовно да се прават промени на водата.
Течни ѓубрива:
- Треба да продолжите да го одржувате хранливото ниво во рамнотежа за промовирање на добар раст на растенијата и алгите да ги задржите на минимум.
СО2:
- Ако сакате растенијата навистина активно да растат со минумум алги, CO2 и појако осветлување е потребно за да се држи рамнотежа помеѓу хранливи материи...
Користете СО2 (квасец метод или боца со регулатори). Обидете се да се добие 1 меурче на 4-6 секунди за мали аквариуми, за поголеми се препорачува по 2-3во секунда. Идеално ниво на СО2 за засадени аквариуми е 15-30 ppm.
Хемијата на водата:
- Некои растенија неможат да растат во екстремно меки или екстремно тврди води, но повеќето растенија се многу флексибилни. PH вредноста било каде во опсег 6,4-8,5 е добар. А тврдоста, gh, од 3-15 степени и KH, од 3-12 е во ред. Ако водата е многу мека, тогаш можеби ќе биде потребно додавање на калциум и магнезиум.
Ако ви треба намалување на рН потоа користете СО2. Ако треба да се подигне, користете варовнички камења, здробени школки во филтер итн.
Промена на водата:
- Откога ќе насадите растенија во аквариумот и ќе почнете со додавање на ѓубрива ќе мора да правите редовни промени на водата. Се препорачува неделна промена од 30%. Помалите аквариуми бараат почести промени на водата.
Избор на растенија:
- Изборот на растенијата треба да биде според потеклото на рибите кои ги чувате рибите, колку повеќе растенија од нивната средина толку подобро. Запомнете рибите ќе бидат поздрави и по опуштени ако аквариумот наликува на нивната природна животна средина.