Havana

Хавана како град е основана во 1515 година од Диего Веласкез. Во 1553 година, Сантиаго де Куба кој дотогаш бил главен град на Куба е заменет со Хавана, поради нејзиниот пораст на економски план. Нејзината важност пораснала со порастот на бројот на бродовите на нејзиното пристаниште, кои застанувале пловејќи од Јужна и Средна Америка кон Шпанија.
Хавана е еден од најразноликите градови во светот. Нејзината архитектура е огледало на неговата богата друштвена и политичка историја од грациозниот колонијален и барокен период, па се до модерните и груби блокови од кули.
Живата музика ечи од секој агол, а Хабанерите (изведувачи на Кубанска музика и танц) се насекаде за да заработаат некој пезос, со што би ги прехраниле своите семејства. Некои од ноќните клубови и кабареа во Хавана се светски познати, како ноќниот клуб Тропикана, кафе барот Хавана, Макимба Хавана итн. Хавана, покрај одличниот добар ноќен живот, нуди и одлични дневни атракции, односно места на кои мора да се појде и во кои има што да се види. Има околу 50 музеи и голем број на галерии.
Денес, Хавана има популација од над 2 милиони жители и е политички, културен и економски центар на Куба. Со една петтина од кубанската популација, тој е еден од градовите со голема и важна историја. Овој град е поделен на неколку општини, но ќе се фокусираме на пет од нив, кои се најинтересни за посетителите:
Старата Хавана
Оваа општина е дефинирана според ограничувањата на раното колонијално население кое е сместено помеѓу утврдените ѕидови и е најинтересната област во градот со многу музеи, историски места, парчиња од претходно споменатите утврдени ѕидови, сите видови на дворци, тврдини и колонијални палати.
Централната Хавана и Церо
Како што започнал да расте стариот град позади ѕидовите, така се основале новите соседства. Првите две биле Церо и Централна Хавана.
Ел Глорија, плоштадот на револуцијата
Во оваа општина има многу гостопримливи жители. Глорија е една од најдобрите области во Хавана, иако никоја не може да се каже дека е помалку добра. Цените се пониски од другите општини, иако услугите секаде се скоро исти.
Мирамар
Мирамар е најновиот дел на Хавана. Петтата авенија (Мирамар) е едно од најлуксузните соседства со најскапи цени за хотелските соби. Тука, повеќето богати луѓе од Куба ги градат своите резиденции уште од 1959 година. Денес, тука има многу хотели и амбасади. Во сезоните ова подрачје е најскапо, а во нормални денови цените се слични со тие од другите општини.
Санта Фе
Санта Фе е мала општина на рибарите, пријатно пристаниште во кое најчесто има натпреварувања во рибарење и едрење, со што им се нуди дополнителна забава на туристите.
Rio De Zeneiro

Рио де Жанеиро се наоѓа во истоимената држава и е нејзин главен град. Рио е вториот по големина град во Бразил, чие име на португалски јазик значи Јануарска река. Тој бил главен град и на Бразил скоро два века, од 1763 до 1822-та година додека бил португалска колонија и од 1822 до 1960-та година, кога станал независна држава. Општо познат само како Рио, овој град исто така се нарекува и “AcidadeMaravilhosa” т.е. “Волшебниот град”.
Големата моќ на заведување на Рио може да ве остави во длабока тага кога би го посетиле и би заминале од таму. Засаден помеѓу бујни шуми, планини и прекрасни плажи, овој град е доста привлечен, а за тоа посебно придонесуваат Кариоките, неговите весели жители. Иако толку современ и доста посетен, Рио има што да понуди за секој гостин. Има и ефтини хотели и ресторани, а плажата му е бесплатна зона за забава.
Со мешавината од историски градби и нови облакодери, неговиот центар е извонредно место за откривање на градскиот шарм, далеку од неговите плажи и планини. Помеѓу секојдневниот забрзан и гласен тек на животот ќе најдете доста музеи, барови, театри и отворени пазари. Во Рио де Жанеиро се наоѓа и Маракана, легендарниот фудбалски стадион, кој ги воодушевува дури и тие кои не го обожаваат фудбалот.
Рио има неколку зони на кои е поделен, а тоа се Историскиот центар, Јужната, Северна и Западна зона. Јужната зона се состои од неколку квартови, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Ипанема, Апоадор, Копакабана и Леме, кои заедно претставуваат најпозната островска линија во Рио. Квартот Копакабана освен покрај плажата е познат и по најспектакуларниот дочек на Новата Година со прекрасен огномет, кој е проследен од повеќе од 2 милиони луѓе, повеќето облечени во бело, застанати во песокот и водата.
Улиците на Рио подивуваат кога ги напаѓа познатиот Карневал, кој трае скоро две недели. Секоја година, слободните странци се нафрлаат на овој град во тој период за да се забавуваат, да ги гледаат прекрасните претстави и паради на Кариоките и да уживаат во сонцето.
Градот кој му ја приредува најголемата забава на светот, не преминува во хибернација после карневалот. Рио има разновиден ноќен живот и во останатите денови од годината. Често приредува големи концерти во живо, уметнички приредби, отворени барови, самба клубови и возбудливи дискотеки. Покрај карневалот, поголеми случувања се и двата фестивали со голема важност во целата земја. “TheFestatJuninas”е фолклорниот фестивал, кој се одржува во Јуни низ плоштадите на Рио. Покрај него, другиот најважен фестивал е религискиот “Festa da Penha”, кој се одржува секоја Недела од месец Октомври.
Освен своите убавини, овој град нуди можност и за различна релаксација, дружење и спортување. По брегот на Рио можете да пешачите, џогирате, да возите точак или да сурфате. Планините имаат посебна привлечност. Нудат едрење во воздух од нив или искачување по нивните убавини. Разгледувањето со хеликоптер е задолжителна атракција која не смее да се пропушти во Рио. Така се добива можност да се лета околу познатата статуа на Исус, над врвот Шеќерна Глава, плажите и над целиот град, што претставува восхитувачка глетка.
“CristoRedentor” или статуата Исус Спасителот е една од седумте светски чуда. Висок е 38 метри и тежи 635 тони, а се наоѓа на планината Корковадо, западно од Рио. Корковадо е висока 710 метри и се наоѓа во шумата Тијуца која воедно претставува и национален парк, но и најголема урбанизирана шума на светот. Покрај тоа што статуата на Исус е симбол на Христијанството, еднакво е и симбол на цел Бразил.
Првичната идеја за религиски споменик во земјата на Кариоките датира уште од средината на 19-от век, но била реализирана подоцна, кога една група од луѓе во 1921-та година организирала акција “Недела на споменикот”, во која ги собрале основните финансиски средства кои биле потребни за изградба на споменикот. Од неколкуте предлози, помеѓу кои биле и Исус со крст или глобус во рацете, избран е само Исус со раширени раце. Дизајнер на ова уметничко дело е Хектор да Силва Коста, а во реалност го претворил Пол Ландовски. Изградбата траела цело девет години од 1922 до 1931-та, најмногу поради големата цена на градбата, дури 250 илјади долари. Свеченото отворање се случило на 12 Октомври 1931 година. Денес, оваа статуа постојано се посетува од голем број на туристи. Од нејзината “тераса” се гледа скоро целиот град, врвот Шеќерна Глава, опеаните плажи Ипанема и Копакабана, како и стадионот Маракана. До неа најдобро е да се оди кога времето е сончево, затоа што во спротивно може да се најде на облаци на врвот од кои нема да може да се види ништо. Посебна убавина нудат ноќните разгледувања со импресивното осветлување, поради кое од далеку кипот изгледа како да лебди во воздух.
На 75 годишнината од отворањето, надбискупот на Рио осветил капела во подножјето на статуата, во која собира 150 луѓе. Од тогаш, во неа на Католиците им се овозможени крштевки и венчавки.
Amsterdam

Иако седиштето на владата е во Хаг, Амстердам е формално главниот град на Холандија, кој е исто така и најголем, со популација од над 750.000 жители и со повеќе од 3,5 милиони странски посетители годишно.
Градот oснован во 13-от век како рибарско село, денес е град на толеранцијата и разновидноста. Ги има сите предности на голем и современ град: култура, ноќен живот, интернационални ресторани и добар но тивок превоз, благодарејќи на неговите канали што овозможуваат помал патен сообраќај.
На кафетериите во Амстердам им е дозволено да продаваат мало количество на канабис, кој е строго регулиран и оданочен. Покрај тоа, не смеат да продаваат на лица помали од 18 години и не смеат да продаваат повеќе од 5 грама на еден муштерија. Тешките дроги се строго забранети.
Покрај тоа, музеите се главната туристичка атракција во Амстердам. Секој го знае музејот на Ван Гог - Ријкс, како и Стеделијк, кои се најпознати помеѓу останатите 50-тина.
Амстердам, најдобро планираниот град во северна Европа, секогаш е добро познато име во светската историја и има одиграно главна улога во историјата на Холандија. Во 17-от век бил центар на светската економија, а денес овој град е надалеку познат по неговиот толерантен карактер.
Низ годините се искачил на врвот помеѓу најистакнатите градови во Европа по нивната архитектура и дизајн и не само поради неговите прстени од канали од 17-от век, туку и поради тоа што тука модерната архитектура се развила органски помеѓу фасадите на историските градби.
Стариот центар е формиран од прстени од канали со уникатни, повеќето од 17-от век, резиденции на моќни трговци, финансиери, доктори, судии, политичари и уметници. Поради недостигот на простор, овие куќи се тесни, со не повеќе од 9 метри широчина. Карактеристични се по нивните големи и тесни прозори, украсни врвови, многу тесни внатрешни скали и вители од надвор за префрлање на поголемите предмети до горните катови. Многу често резиденциите служат и за работа.
Амстердам има широк спектар на рекреативни и културни знаменитости, поредени од фасцинантни стари градби, до најнеобични, како што е музејот на хашишот и марихуаната.
Овој град има многу специфични и значајни места за посета, меѓу кои се и:
- Оуде Керк, старата црква со мали куќарки прилепени на нејзините ѕидови, која претставува мирен рај во срцето на возбудливата област “Црвената светлина”.
- Квартот на црвените светла, кој нуди забавна атмосфера и безграничен број на луѓе кои гледаат што се покажува тука. Продавниците се полни со еротски видеа, списанија и секси играчки. Светла кои продираат низ прозорите, ја претопуваат целата околина во една голема црвена сенка. "Квартот на црвените светла" е нешто како сексуално забавен парк, кој најчесто не е сфатен сериозно од масата туристи кои го посетуваат. Иако генерално се смета дека тоа е доста безбедна област, сепак треба со внимание да се поминуваат нејзините улици. Таму владее строга политика - “без фотографирање”.
- Плоштадот Дам, строгиот центар и срцето на Амстердам, кој како историско место е прекрасен и вреден за да се одвои време да се испочитува. Дам видел многу историски драми кои се развивале низ годините и бил место за дочек на Наполеон и неговата војска во 1808-та година. Импресивната историја на овој плоштад добро е документирана во Историскиот музеј.
Кралската палата која доминира на плоштадот, првобитно била употребувана како зграда на градското собрание, а нејзината класична фасада и првокласните скулптури имале намера да го прослават градот и неговата влада. Во контраст со неговата турбулентна историја, плоштадот денес е мирно место и е дом на илјадници гулаби и туристи, кои токму тука застануваат да одморат.
- Тесни засводени премини водат до шармантната градина Бегијнхоф, опколена со стари куќи. Куќите во дворот некогаш биле окупирани од побожните Бегуин калуѓерки и денес сеуште се дом на немажените жени. Во центарот на тревникот се наоѓа една средновековна црква и најстарата куќа во Амстердам. На влезот на оваа градина има изгравиран знак “Влезот е бесплатен, но мора да сте тивки!”.
- Во Амстердам патувањето не би било комплетно без крстарење низ неговите многубројни канали. Една таква тура може да биде и воодушевувачка и релаксирачка преку ден, а романтична навечер кога многу од куќите и мостовите се осветлени. Четирите главни канали се Принсенграчт, Херенграчт, Кеизерсгарчт и Сингел. Исто така има бројни помали канали во соседството на Јордан, меѓу кои Бруверсграчт, Блумграчт и Лелиграчт се посебно пријатни.
- Амстердам е специфичен и по 1280-те мостови, од кои најпознат е “Слабиот мост”. Тој е традиционален мост кого Холанѓаните го изградиле за да ги поврзат бакните преку реката Амстел. Скоро секои 20 минути мостот се отвора за да ги пушти бродовите да поминат. Оригиналниот мост бил изграден во 1670-та година, но бидејќи сообраќајот над Амстел постојано се зголемувал, поширок мост бил изграден за да го замени тесниот.
- Рембрантплеин има цела линија од пабови, ресторани, кафулиња и хотели, со што е магнет за туристи. Тој е популарен центар на ноќниот живот, кој ги вклучува и Холандските пабови кои се исполнети со исклучиво Холандска музика. На лето терасите се преполни со луѓе кои уживаат во пијалокот и го набљудуваат светот како поминува покрај нив. Во центарот на овој плоштад има мал, но пријатен парк, каде можете да се релаксирате или да оддадете почит на статуата на Рембрант. Во околината можете да најдете квалитетни ноќни клубови, весели собиралишта, пристојни трговци на дијаманти и неизбежни продавници за сувенири.
- Леидсплеин е најпопуларниот центар на ноќниот живот во Амстердам. Со многу ресторани, клубови, кафулиња, кина и театри во околината, Леидсплеин е најживиот и најразнобоен плоштад. Полн со улични музичари, жонглери и други изведувачи кои ги оживуваат улиците, нуди забава до раните утрински часови.
- Во центарот на Амстердам се наоѓа најстарата зоолошка градина во Холандија. Се состои од четири главни сфери: зоолошка градина, планетариум, ботаничка градина и геолошки и зоолошки музеј. Во самата зоолошка градина може да се најдат животни од целиот свет. Планетариумот им дава можност на децата да патуваат низ вселената. Во мирните градини може да се најдат многу стари дрва и статуи од современи уметници, а геолошкиот музеј покажува како планетата еволуирала во изминативе 4 билиони години.
- Вонделпарк кој се наоѓа на југ од Амстердам е најпознатиот парк во Холандија, кој годишно прима над 10 милиони посетители.
- Патувањето во Амстерам нема да биде целосно и без посетата на ветерниците. Верувале или не, во срцето на градот има 8 импресивни ветерници, кои само чекаат луѓе кои ќе ги посетат и ќе им се восхитуваат.
Секое време во годината е добро за посета на Амстердам. Најтоплите денови се од јуни до август, а појаки ветрови има од октомви до март. Воздухот е релативно влажен, а маглата е присутна секоја есен и пролет.